Архива на Sextures Е-списание

Средно-источноевропски простор  за студии на сексуалности и родови

Sextures беше скромен обид да се создаде безбеден простор каде што ЛГБТИКА+ истражувачи од Централна и Источна Европа разменуваа идеи и истражувачки проекти за животите на маргинализираните ЛГБТИКА+ заедници во овој регион. Сите објавени автори имаат длабоки животни искуства и познавања на историите, политиката, општествата, јазиците, културите и економиите на земјите од Централна и Источна Европа. За македонската верзија на нашето промотивно видео погледнете го нашиот видео канал подоле.

 

Публикации

Авторите на сите објавени статии имаат право на бесплатни копии од сите изданија. Пишете ни е -пошта за вашите копии.

Be You

Распрапрашување на концептот за сексуално државјанство

Том 1, број 1, 2009, уредник:  Александар Ламбевски

За оние во регионот означени како сексуално различни, сексуалното државјанство-хетерогениот сет на економски, правни, социјални, културни и политички практики насочени кон постигнување на основно политичко признавање од политичката заедница (на нацијата) и националната држава, дека постојат други начини на подеднакво валидни интимни и сексуални форми на животи (демократизација на интимните односи); дека од нив произлегуваат нови сексуални субјективности и политички идентитети; и дека постојат други, не-хетеросексуални, приказни за личниот и сексуалниот живот што пошироката политичка заедница треба да ги разбере и цени е прашање од витално политичко значење, ако не и опстанок за сексуалните малцинства. Поради овие причини, решивме да го започнеме Sextures  со издание посветено на прашањата за сексуалното државјанство во Централна и Источна Европа и на Балканот.

Pride Boots

Паради на гордоста или срамот

Том 2, број 2, 2012, уредничка: Ана  Грушчинска

Авторите на трудовите во овој специјален број избраа да се фокусираат на значењата на ЛГБТ парадите на гордоста во Централна и Источна Европа и да размислуваат за овие честопати претерано наполнети перформанси, кои станаа значајни во современото замислување на не-хетеросексуалните животи. На сите фокусирани локации-Србија, Унгарија и Литванија-овие јавни настани се места каде сексуалниот идентитет се прикажува, реконфигурира и преоценува во настапи што вклучуваат организатори, учесници, контра-демонстранти, медиуми, полиција , локални и национални политичари, како и меѓународни активисти присутни на настаните. Парадите дејствуваат како објектив што внесува  остар  фокус за меѓусебната поврзаност помеѓу сексуалниот и националниот идентитет, каде што организаторите,  а и учесниците се позиционираат стратешки за да ги оспорат границите за тоа кој се смета достоен да и припаѓа на националната заедница.

Men with Guns

Мажествености во Русија и Источна Централна Европа

Том 3, број 3, 2015, уредник:  Роланд Кларк

Проучувањето на мажите и мажественоста е живописно  и сложено поле за истражувачи кои работат со широк спектар на методолошки и теоретски пристапи. Во последниве години, многу истражувачи работеа на воспоставување глобална историја на мажественоста и на интегрирање на проучувањето на родот во други приказни за моќтта и идентитетот. Малку истражувачи уште веруваат во машки/женски бинарни поделби и се прават креативни обиди да се надмине разликата помеѓу родот/полот, како основа на телото или во дискурсот. Написот на Захари Долешал покажува дека дури, и додека се обидувале да го надминат нивниот локален и  национален контекст, чешките мажи создадоа идеален тип кој беше уникатно источно —средноевропски. Слично, истражувањето на Каталин Киш открива хомофобија маскирана како толеранција што произлегува директно од ситуацијата на современите унгарски мажи. Прилогот на Марина Јусупова  нагласува како дискурсите за мажественоста можат да произлезат од  последиците на една реалност од едно подалечно минато и кои сеуште отсликуваат точни прикази на предизвиците и можностите што им се достапни на мажите во овие региони во сегашноста.

38364 Sextures Colour Burst Logo_L_edited_edited.jpg
  • YouTube